Фото: EPA-EFE/Geir Olsen NORWAY OUT

Нема да бидат само три месеци, Карабатиќ може и да ја заврши кариерата!?

Легендарниот француски ракометар Никола Карабатиќ по само два недели откако ја продолжи соработката со Пари Сен Жермен се соочи со проблем со воспалени вени.

Првичните најави беа дека оваа болест 38-годишниот ракометар ќе го одалечи од терените на неколку месеци, но сега се појавија многу полоши најави.

Дел од француските медиуми пренесуваат дека Карабатиќ во ваква ситуација нема да може да продолжи да игра ракомет. Станува збор за болест која ретко се појавува кај спортисти, па затоа и тешко е да се каже колку би паузирал.

Деталните прегледи покажале дека Карабитиќ се соочува со болеста флебитис и ќе мора да мирува неодредено време.

Засега не се кажува со сигурност, но француски новинари повикувајќи се разговор со доктори потенцираат дека ниту еден доктор не би си дозволил да даде зелено светло за занимавање со било кој спорт на лице кое се соочува со оваа болест.

Ако ваквите најави се остварат тоа би било тажен крај на една голема кариера, најмногу поради желбата на Карабатиќ да настапи со Франција на Олимписките игри во Париз 2024.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот