фото: EPA/MALTON DIBRA

Нема билети во продажба за Србија-Албанија: Само избрани ќе влезат на стадионот во Лесковац

Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) официјално потврди дека за квалификацискиот натпревар меѓу Србија и Албанија, кој ќе се одигра на 11 октомври на стадионот „Дубочица“ во Лесковац, нема да има билети во слободна продажба.

Присуството на трибините ќе биде овозможено исклучиво преку дистрибуција на билети во рамки на фудбалската заедница. Влезници ќе бидат доделени на регионалните сојузи, клубовите, фудбалските школи, фудбалски организации, официјални спонзори и гости на ФСС, акредитирани новинари, како и медицински и технички тимови неопходни за реализација на натпреварот.

„Влезот на стадионот ќе биде дозволен само со строго персонализирани билети и задолжителна проверка на лична документација (лична карта или пасош), како и ригорозни безбедносни проверки на влезовите, целосно во согласност со највисоките безбедносни стандарди“, стои во соопштението на ФСС.

Одлуката е донесена во координација со ФИФА, УЕФА и Министерството за внатрешни работи на Србија, поради тоа што натпреварот е оценет како настан со највисок безбедносен ризик.

 

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот