Фото: МИА/илустрација

Некој запалил трска во автокампот Крани, изгорела барака

Пожар во кој изгорела барака во автокампот Крани избувнал вчера, соопшти МВР.

„На 26.03.2023 во 15.20 часот во Полициска станица за граничен надзор Маркова нога, било пријавено дека во близина на автокамп Крани, ресенско, настанал пожар, при што била опожарена трска и барака, сопственост на фирма од Ресен. Противпожарна бригада го изгаснала пожарот, а повредени лица нема“, велат од полицијата.

На местото бил извршен увид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот