
Некој му ја дупнал гумата од автомобилот на новинарот Насер Селмани, тој мисли дека причината била тоа што е Албанец
Тој најави и дека ќе се обрати до странски држави – Албанија и Косово за да го заштитат, имплицирајќи дека гумата му ја дупнале затоа што е Албанец:
„Ве известувам дека утрово забележав дека некој со нож ја оштетил гумата на мојот автомобил паркиран пред зградата каде што живеам во Скопје. Не должам на никого и немам конфликт со никој!“, напиша на социјалните мрежи новинарот Насер Селмани.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Случајот го пријавив во полиција и имав краток телефонски разговор со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, за да го известам за овој инцидент и побарав да се откријат авторите и инспираторите на ова недело. Министерот ми вети дека ќе работат на расветлување на случајот. Јас сум новинар и не сум член на ниту една политичка партија. Јас сум обичен граѓанин, Албанец и член на Движењето Албански свет! Со овој повод го повикувам премиерот Мицкоски и лидерите на албанските партии да го осудат овој грозен чин против новинар и да се дистанцираат од ваквите срамни постапки на насилство против слободата на говорот“, пишува Селмани.
„Имам свои сомнежи, но засега нема да зборувам пред да ѝ се даде потребното време на полицијата да ја заврши својата работа, да ги открие авторите и инспираторите на овој напад и да ги изведе пред лицето на правдата. Доколку во разумен рок од две недели полицијата и истражните органи не ги откријат авторите и инспираторите на овој напад, тогаш со јавноста ќе ги споделам моите сомнежи кој стои зад овој криминален акт. Ако некој мисли дека со криминални методи може да ме исплаши, многу греши. Избрале погрешен човек. Уште еднаш повторувам, ако полицијата не ги заштитува сопствените граѓани, тогаш јас како граѓанин и Албанец имам божјо право на самоодбрана“, напиша тој во објавата.
Тој најави и дека ќе се обрати до странски држави за да го заштитат, имплицирајќи дека гумата му ја дупнале затоа што е Албанец:
„Исто така ќе се обратам и до меѓународните организации, албанската држава и Косово да ги заштитат Албанците и загрозените албански новинари во Скопје!“