бегалци украина
Бегалци од Украина / Фото: EPA-EFE/DUMITRU DORU

Некои од хуманитарните коридори од Украина водат само кон Русија и Белорусија

Русија соопшти дека ќе отвори нови хуманитарни коридори за да им овозможи на цивилите да се евакуираат.

Патеките за евакуација објавени од руската новинска агенција РИА Новости покажуваат дека цивилите ќе можат да заминат во Русија и Белорусија.

Коридорот од Киев ќе води до рускиот сојузник Белорусија, а цивилите од Харков ќе имаат само коридор што води кон Русија.

Коридорите од градовите Мариупол и Суми ќе водат и до други украински градови и до Русија, пренесува новинската агенција АФП.

Макрон не побарал коридорите да водат кон Русија

Францускиот претседател Емануел Макрон негира дека побарал тие коридори да водат во Русија, пишува францускиот медиум BFMTV.

„Претседателот на Републиката ниту побара, ниту доби коридори за Русија по неговиот разговор со Владимир Путин“, изјавија од Елисејската претседателска палата за BFMTV.

„Претседателот на Републиката упорно бара да се остави цивилното население да си оди и да се дозволи транспорт на помош“ додаваат тие.

„Тоа е уште еден начин Путин да го истурка својот наратив и да каже дека Украинците се тие кои се агресори и тие се оние кои нудат азил на сите“ велат од Елисејската палата.

https://twitter.com/BFMTV/status/1500732049396797441

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот