
Некогаш играше за Далас во НБА лигата, а денес стана највисок фудбалер во светот
Поранешниот НБА кошаркар Павел Подколжин испиша фудбалска историја, откако го запиша својот прв настап за Амкал во рамките на Купот на Русија, со што стана највисокиот фудбалер кој некогаш заиграл на професионален фудбалски натпревар.
Препорачано
Подколжин, кој со своите 226 сантиметри доминираше под обрачите во кошарката, се префрли на фудбалскиот терен неколку години по завршувањето на спортската кариера. Тој професионално се збогуваше со кошарката во 2019 година, а јавноста најмногу го памети по кратката авантура во НБА-лигата, каде во периодот од 2004 до 2006 година беше дел од Далас маверикс, за кои запиша шест настапи.
Во кариерата во фудбалот, Подколжин го облече дресот на Амкал и застана на теренот како стартер во мечот против Калуга, што му донесе уникатен рекорд во светот на фудбалот, највисок фудбалер што настапил на официјален натпревар.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
21мин
-
56мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5