фото: твитер

Нејмар и Бекам договорија трансфер или само се шегуваа? (ВИДЕО)

Веќе го имам мојот договор со Дејвид, ќе биде тоа за неколку години. Тој е мој претседател – беа зборовите на фудбалерот на ПСЖ.

Англиската фудбалска легенда е во потрага по фудбалери во својот нов клуб, а во изминатиот период се отвори дилема дали навистина успеа да ги обезбеди услугите на Нејмар?

Доаѓањето на Бразилецот во редовите на Интер Мајами не е познато, двете ѕвезди зборуваа на Јутјуб специјалот „Легенди со легенди“ во кој Бразилецот прифати еден ден да биде дел од тимот на Дејвид Бекам.

– САД е голема шанса иако тие имаат други спортови во кои се најдобри. Фудбалерот е во голем налет и мислам дека е вистинско време таму да дојдат и најдобрите играчи. Ќе ти дадам празен лист да го потпишеш и тоа ќе биде твој договор со Мајами за наредните 10 години. – рече Бекам, а потоа доби одговор од Нејмар: „Договорено, договорено“..

– Хаха, јас бев тој кој праша да игра за неговиот клуб. Го сакам тоа и веќе му реков на Бекам, дека еден ден ќе играм во неговиот клуб. Верувам дека ова е голема можност, со цел да се развива фудбалот во САД. Веќе го имам мојот договор со Дејвид, ќе биде тоа за неколку години. Тој е мој претседател – беа зборовите на фудбалерот на ПСЖ.

Претходно со Интер Мајами се шпекулираа уште две познати имиња, Единсон Кавани и Лука Модриќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот