„Бум“ на фудбалскиот пазар: Кавани во „пакет“ со Лука Модриќ!?

фото: твитер

Иако во зимскиот преоден рок се шпекулираше дека уругвајскиот интернационалец ќе направи трансфер во Атлетико Мадрид, тоа не се случи.

Иако Единсон Кавани беше голема желба на тренерот на „јорганџиите“, Диего Симеоне, играчот барем засега ќе остане во редовите на ПСЖ.

Преговорите со шпанскиот клуб беа завршени со меѓусебни обвинувања за нереализираниот трансфер. Атлетико тврди дека претставниците на фудбалерот бараа огромни провизии.

Нови шпекулации се објавуваат околу иднината на Уругваецот, односно наредното лето најверојатно ќе се пресели во новиот американски учесник во МЛС лигата, Интер Мајами чиј претседател и еден од сопствениците е славниот Дејвид Бекам.

Интер Мајами внимателно ја следеше ситуацијата на Атлетико со Кавани, па сега е голем фаворит за потписот на напаѓачот.

А желба на прославениот англиски репрезентативец е и хрватскиот интернационалец Лука Модриќ кој има уште една и пол година од договорот со Реал Мадрид.

Американците на Модриќ му нудат двојно поголема плата од онаа која ја има во „кралскиот“ клуб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот