
Нејмар е подобро решение од Лаутаро за Барселона
Поранешниот фудбалер на Барселона, Ровалдо, смета дека враќањето на Нејмар на „Камп Ноу“ треба да биде приоритет за управата во летниот преоден рок.
Бразилецот во 2017 година замина во ПСЖ токму од Барселона, а во последните година дена постојано се шпекулира за негово враќање на „Камп Ноу“.
Препорачано
Минатото лето челниците на Барселона не успеаја да се договрат во францускиот тим и се очекува во наредниот преоден рок со сите сили да тргнат по неговиот потпис.
Но, освен за Нејмар, управата размислува за ангажирање и на одличниот напаѓач на Интер, Лаутаро Мартинез чија откупна клаузула од 1 до 15 јули ќе изнесува 111 милиони евра.
Поранешниот играч на Барселона, Ривалдо, смета дека приоритет за управата на каталонците треба да биде Нејмар.
– Иако Лаутаро Мартинез е добар фудбалер, мислам дека Нејмар е посигурно решение за првиот тим на Барселона. Во претходните неколку сезони многу добри фудбалери не успеаја да ги исполнат очекувањата и да играат покрај Меси. Нејмар исто како и Луис Суарез, е еден од ретките фудбалери на светот кој не чувствува притисок на теренот, никогаш не се плаши. Тој би бил посигурно решениот за Барселона во овој момент, додека Мартинез е млад и талентиран играч кој за 2-3 години би бил добро засилување – смета Ривалдо.