Фото: Врховен суд

Недозволиво е да се менуваат правосудни закони без да се консултира судската фела, вели Беса Адеми

„Недозволиво е да се носат законски измени кои се непосредно или посредно поврзани со судството, како што беше примерот со Кривичниот законик, без да се чуе мислењето на судиите, бидејќи тоа не само што предизвикува нетранспарентност на процесот, туку и несакани реперкусии од аспект на владеењето на правото“, рече претседателката на Врховниот суд Беса Адеми на денешната презентација на препораките и акцискиот план за подобрување на состојбите во правосудството, финансирани од Амбасадата на САД, во организација на Коалицијата „Сите за правично судење“.

Адеми во своето излагање посочи дека потребно е конечно да се слушнат размислувањата и предлозите на судската фела, нагласувајќи дека „проблемите не се решаваат со наметнување или пак со прифаќање на молк, напротив, аргументациите на судиите со интегритет и став се доволно гласни и јасни да укажат на состојбите кои ги кочат идеите и процесите“.

Претседателката на Врховен се осврна и на важноста од осамостојување и зголемување на судскиот буџет, односно судскиот и јавнообвинителскиот буџет да не зависи од претходно добиените одобренија и согласност од органи на извршната власт.

– Една од препораките ја нагласува важноста на осамостојување и зголемување на судскиот буџет, односно дека е потребно да се направат измени во позитивните прописи со цел реализација на судскиот и јавнообвинителскиот буџет да не зависи од претходно добиените одобренија и согласност од органи на извршната власт. Неспорно е дека судството е финансиски зависно од другите власти, рече Адеми.

Вели не може да говориме за доследно почитување на уставното начело на поделба на власта, додека судството се бори со проблемот на недостиг на судии и судска администрација.

Човечките ресурси, додаде, се столбот на функционалноста и гаранција дека целите на судството утврдени со Уставот и Законот за судовите ќе бидат исполнети онака како што налагаат принципите на незивисно, ефикасно и отчетно судство.

– Не можеме да говориме ниту за доследно почитување за уставното начело на поделба на власта, додека судството се бори со проблемот на недостиг на судии и судска администрација. Не можеме да говориме за почитување на уставната и законската положба на судството. Човечките ресурси се столбот на функционалноста и гаранција дека целите на судството утврдени со Уставот и Законот за судовите ќе бидат исполнети онака како што налагаат принципите на незивисно, ефикасно и отчетно судство, рече Адеми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот