
„Недела на дебелите мечки“ започна во Алјаска: Победник ќе биде онаа што јадела најмногу лосос
Најкрупните кафеави мечки на полуостровот Алјаска, кои во текот на летото се прејадуваат со лосос, ќе се натпреваруваат во популарниот онлајн натпревар наречен „Недела на дебелите мечки“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Оние што ќе гласаат онлајн од денеска ќе можат да избираат меѓу 11 џиновски кафеави мечки и победникот од минатонеделниот натпревар за мечиња, наречен „128 Џуниор“, пренесува „Ен-би-си њуз“.
Натпреварот, кој започна во 2014 година, има за цел да ја прикаже отпорноста на кафеавите мечки, кои наесен добиваат тежина за да ја преживеат суровата зима, главно хранејќи се со лосос на реката Брукс во оддалечениот резерват, околу 480 километри југозападно од Енкориџ.
Заинтересираните можат да ги следат мечките преку камери во живо на веб-страницата „explore.org“ пред да одлучат која мечка им е омилена. Победникот ќе биде прогласен на 30 септември.
За да учествуваат на натпреварот, мечките мора често да престојуваат во областа на главниот камп Брукс.
Меѓу натпреварувачите има мечки со интересни особини – од мечката со прекар Флотато поради танцот што го изведува додека чекори, до мечката која ја става шепата на срцето како да се заколнува додека чека да пристигне рибата.
Кафеавите мечки во Катмаи се меѓу најголемите во светот.
Мајк Фиц, натуралист кој го започнал натпреварот во Катмаи додека бил ренџер, рече дека единствено поголеми мечки има на блискиот остров Кодиак.
Машките мечки во Катмаи во средината на летото тежат помеѓу 320 и 400 килограми, а до септември или октомври можат да надминат и 450 килограми. Сепак, има и примероци потешки од 600 килограми.