Фото: Roland and Sabrina Michaud / akg-images / Profimedia

Не знаат за рак: Менито на најздравите луѓе во светот

На крајниот север на Пакистан, во долината на планината Хунза, која се наоѓа во регионот Гилгит-Балтистан, има луѓе кои живеат до 120, 130 години. Некои од нив наводно го прославиле својот 145 роденден пред да го напуштат овој свет. Точниот број на години е тешко да се одреди бидејќи Хунзите немаат изводи од матичната книга на родените или докази за поддршка на нивната виталност.

Во останатиот дел од Пакистан очекуваниот животен век е 67 години, но на покривот на светот, во изолираната дивина на Хималаите, владеат сосема различни закони на животот и смртта. Истражувачите забележале дека жените можат да забременат многу доцна, во шеесеттите и подоцна, и се смета дека не заболуваат од рак. Научниците бараат објаснување во околината и храната.

Хунзите пијат вода од глечерите, одгледуваат сопствена храна, а со оглед на тоа што се отсечени од блиските градови, не јадат ништо преработено. Кајсиите често се на нивното мени, а за време на постот не јадат ништо друго освен свеж сок и јатки од ова супер-здраво овошје со денови или дури со месеци. Месото не е на нивното мени секој ден, доминираат житарките и зеленчукот. Практикуваат јога, вежби за дишење и медитација.

Нивното потекло е обвиткано во мистерија. Тие се понежни од сите соседни народи, а нивниот јазик (бурушаски) е посличен на баскискиот отколку на кој било друг што ги опкружува. Се шпекулира дека се потомци на војниците на Александар Македонски кои не можеле да го следат и решиле да останат на Хималаите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот