Фото: болница/илустрација / Радио Слободна Европа

Не верувајте им на мастите за изгореници кои се продаваат на интернет, порачуваат лекарите

Докторите по пластична хирургија апелираат да се внимава со мелемите за изгореници што се нудат по социјалните мрежи.

– Вчера некој ми потспомна дека има некои мелеми кои се продаваат на социјалните мрежи. Не знаеме од какво потекло се и дали се стерилни или не. Да апелирам, затоа и со Министерството за здравство се овие доктори кои ќе одат во Кочани за да бидат правени преврски во стерилни услови и со стерилни инструменти, изјави денеска директорката на Клиниката за пластична хирургија Јасмина Ѓоргиевска Павловска.

Во пожарот во Кочани беа повредени околу 200 пациенти од кои дел се лекуваат во земјава, а дел во странство. Има и пациенти со потешки изгореници, за кои тимови по пластична хирургија ќе бидат испратени во Кочани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот