Хусни Исмаили, Фото: Архива

Не сум ја оштетил државната каса, тврди ексминистерот Исмаили откако го прозва Антикорупциска

Поранешниот министер за култура Хусни Исмаили, кој сега е пратеник од Алтернатива, во изјава за Фокус негира дека го оштетил буџетот, како што вчера го обвини Државната комисија за спречување на корупцијата.

Џемаили вели дека се сомнева во мотивите на Антикорупциска, која вчера побара Исмаили кривично да се гони за злоупотреба на буџетски средства.

-Самото иницирање во овој момент на вакви потези на државна институција доволно зборува за самиот потег. Има слични настапи и на други чинители во оваа држава токму во ова време на политичка неизвесност во државата. Сум рекол и пак ќе повторам: Прво, државниот буџет не е оштетен бидејќи средствата не се пуштени. Второ, мојот потпис на документите стои како четврти или петти последователно, по тие што го подготвиле, изработиле, контролирале, раководители на сектори итн. Трето, во време на пандемија, кога не беа реализирани бројни проекти од други сектори, средствата се пренаменети од една ставка во друга, што е законски дозволено и тоа е направено со цел да им се помогне на самостојните културни работници во услови на пандемија, вели Исмаили.

Државната комисија за спречување на корупцијата поведе иницијатива до Јавното обвинителство за кривично гонење на Исмаили кој беше министер за култура од 27 јуни 2019 до 30 август 2020 година. Антикорупциска се сомнева дека тој ја злоупотребил службената положба и овластување во врска со договори и анекс договори склучени на 24 јули 2020 година, поврзани со годишните конкурси за финансирање на проекти од национален интерес.

Договорите и анекс-договорите, според Антикорупциска, биле склучени во постизборен период, по одржани парламентарни избори во услови кога не е формирана новата Влада и во услови кога со ребаланс на буџетот на Министерството му биле намалени финансиските средства за проекти од национален интерес во областа на културата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот