фото: EPA-EFE/ANNA SZILAGYI

Не се враќа во Србија: Душан Тадиќ избра нов предизвик

Душан Тадиќ кариерата ја продолжува во Обединетите Арапски Емирати! Иако се поврзуваше со враќање во српскиот фудбал и имаше понуди од Црвена звезда и Војводина, искусниот репрезентативец сепак го избра клубот Ал Вахда од Абу Даби.

Според тамошни извори, Тадиќ ќе потпише договор на една година со опција за продолжување до 2027 година. Се шпекулираше и за интерес од Атлетико Мадрид и Бенфика, но клубот од ОАЕ бил најконкретен.

Ал Вахда е поранешен четирикратен шампион на ОАЕ, но последната титула ја освои во 2010 година. Тадиќ ќе се обиде да го врати тимот на старите патеки на успех.

Тој во кариерата играше за Војводина, Гронинген, Твенте, Саутемптон, Ајакс и Фенербахче, а за Србија има 111 настапи и 23 гола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот