Не сакам ни да помислам што би се случило ако се појави вирусот во затворот

Есад Рахиќ, директор на КПУ – Скопје во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ зборуваше околу подоготвеноста на овој затвор да се справи со вирусот.

-Од она што јас како искуство го имам, уште пред да се појави првиот пациент, се слушнав со министерот Филипче и констатиравме дека не е прашање дали ќе се појави вирусот туку кога. Од таму одговорија експрено и ни испратија материјали за превенирање, изјави Рахиќ.

Тој кажа дека во соработка со Управата за санкции е подигнато нивото на заштита, но дека иако секој затвореник влезен во затворот се прегледува од доктор, во овие околности тоа не е доволно.

Околу укинувањето на посетите, Рахиќ вели дека сето тоа треба да се подигне на повисоко ниво и да се одлучи околу оваа проблематика.

-Во секојдневна комуникација сме со надлежните институции. Ги едуцираме бројот на посети. Но во ваков затворен систем еднаш ако се појави Корона, не сакам ни да помислам што би се случило, рече Рахиќ.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот