Фото: Профимедиа

Не работеа банкоматите на Стопанска банка, проблемот надминат

Веќе два часа граѓаните кои пазарат во дуќаните не може да ги платат своите производи со картичките на Стопанска банка. Некои од нив ги оставаат производите и брзаат до првите банкомати, од кои исто така не може да извадат пари. „Неуспешна трансакција“, пишува на дисплјот на некој од банкоматите на Банката, доколку се обидете да подигнете пари. Од Контакт центарот само кусо ни рекоа дека имаат проблем и дека се работи на негово отстранување, но не знаеја да кажат до кога ќе трае. Пари може да се извадат на шалтер со провизија.

На веб страната на Стопанска банка АД Скопје нема никакво известување. Последен пат Банката објавила дека од сабота 15.03 до недела 16.03, ќе се спроведува планирана активност која засега дел од информатичките системи. Со цел изведување на активностите, во прекин ќе бидат услугите електронско и мобилно банкарство во голем дел од посочените датуми, додека мрежата на банкомати ќе биде целосно во употреба со сите свои функционалности.

По едночасовниот прекин проблемот е надминат и банкоматите и постерминалите сега работат нормално.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот