Фото: Freepik

Не можете да спиете? Техниката „пилот“ успива за 2 минути, дури и во стресни услови

Добриот сон е основа на здрав живот, а за жал, тоа е и залудна желба на многумина кои имаат проблеми со спиењето и тешкотии при заспивањето.

Постои техника што ја користат пилотите, со оглед на тоа што постојано се во движење, менуваат временски зони и дека понекогаш им е многу тешко, без разлика колку се уморни, да заспијат. Оваа нивна техника за заспивање стана вирална на социјалните мрежи.

Станува збор за таканаречената техника „Алфа мост“, која ја разви американската морнарица за да им помогне на пилотите брзо да заспијат. Психологот и тренер за ментално здравје Ерика Тербланш е одговорна за популаризацијата на оваа техника на ТикТок, која во видео објаснува како да се примени техниката „Алфа мост“ преку неколку едноставни чекори.

Основата на техниката за релаксација и спиење „Алфа мост“ се базира на свесно дишење и алфа мозочни бранови – оние што се генерираат кога нашите умови се опуштени, но сепак будни, што го објаснува самото име.

Накратко, тоа е когнитивна активност што ја доживуваме пред да заспиеме, а која е поврзана со состојби на длабока смиреност. Целта на оваа техника е брзо да се ребалансира автономниот нервен систем, делот од периферниот нервен систем кој ги контролира функциите на внатрешните органи, како што се срцето, желудникот, цревата и некои мускули.

Како се применува оваа техника?

Техниката се применува со изведување на одредени движења на очите и процес на контролирано дишење, кои заедно водат до природен процес на смирување и заспивање. Оваа техника ни овозможува да го „хакираме“ нашиот мозок, што е особено корисно кога не можеме да заспиеме на ново место, како што е хотел, воз, авион или во непозната средина.

Еве ги чекорите што треба да ги следите:

  1. Сместете се удобно во кревет или на стол
  2. Затворете ги очите и бројте до 30. Кога ќе завршите со броењето, вашиот мозок треба да се чувствува малку порелаксиран, а вашите очни капаци треба да се чувствуваат потешки
  3. Отворете ги очните капаци малку, како полумесечина, и бројте до 5
  4. Потоа повторно затворете ги очите целосно и бројте до 30
  5. Отворете ги очните капаци малку, како полумесечина, и бројте до 5

Затворете ги очите повторно и фокусирајте се на дишењето, обрнувајќи внимание на воздухот што влегува и излегува од носот.

– Повеќето луѓе заспиваат во првиот циклус – рече тренерот за ментално здравје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот