
Не може да си ја купи слободата: Диди останува зад решетки, по третпат му е одбиена кауцијата од 50 милиони долари
Озлогласениот рапер Шон Комбс, познат како Диди по третпат е одбиен за кауција. Судијата Арун Субраманијан го одбил барањето на раперот откако тој се појави на рочиштето минатата недела, пренесува Си-ен-ен.
Препорачано
„Судот утврди дека владата покажала со јасни и убедливи докази дека ниту една состојба или комбинација на услови разумно нема да ја осигура безбедноста на заедницата“, рекол судијата.
Обвинителите на сослушувањето минатиот петок рекоа дека Комбс претставува преголема закана за неговите жртви доколку биде ослободен од притвор пред судењето на 5 мај.
Тие тврдеа дека Диди ќе се обиде да ги исплаши своите жртви ако го пуштат да си оди. Тие исто така рекоа дека Диди веќе контактирал со сведоци преку тринасочен повик од притворот каде што се наоѓа. Во својата наредба, судијата наводно навел докази дека Диди лажел дека ја користел услугата за затвореници „Барај ме веднаш“ / „ContactMeASAP“.
Одбраната на Комбс тврдеше дека тој престанал да ја користи услугата на 16 ноември, но податоците покажаа дека тој бил активен на истата услуга на 24 ноември. Во обид да добие кауција, адвокатскиот тим на раперот рече дека би било подобро да се ангажираат приватни чувари да бидат со Диди секој ден, цел ден. Сметаат дека тие се подобро опремени да го надгледуваат Комбс, па дури и предложиле раперот да живее во трисобен стан на Менхетен. Тие рекоа и дека нивниот предлог раперот да се врати во својата палата во Мајами веднаш бил одбиен. Неговиот правен тим рече дека се подготвени да платат 50 милиони долари кауција.
Раперот беше уапсен во средината на септември, а судијата нареди да биде задржан без кауција. Одлуката ја донел судијата откако раперот се изјаснил за невин за рекетирање, трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација и криминални дејствија поврзани со проституција. Диди е обвинет и за сексуална злоупотреба и силување, кои тој ги негира.
Семејството на Диди дојде во судот: Раперот трет пат се обиде да плати кауција од 50 милиони долари