
Не го поднесувате звукот на џвакање храна? Можеби страдате од необична состојба
Дали ви е здодевен звукот на некој што гласно џвака? Или звукот на некој што полека го срка чајот или кафето ви ги скокотка нервите? Сепак, можеби има научно објаснување за вашата иритација, пишува „Њус скај“.
Препорачано
Истражувањето од Кралскиот колеџ во Лондон и Универзитетот во Оксфорд сугерира дека 18,4 проценти од општата популација во Велика Британија, одредени звуци им предизвикуваат проблеми, состојба позната како мизофонија.
Мизофонијата може да предизвика силна негативна реакција на вообичаените звуци од секојдневието, како што се дишењето, проѕевањето или звукот на нечие џвакање.
Студијата на тимот научници од Оксфорд и Кингс колеџ, користела прашалник за да дознае повеќе за мизофонијата.
Откако ги разгледале примероците од 772 луѓе – од различни возрасти и етнички припадности во Велика Британија, истражувачите откриле дека само 13,6% од луѓето слушнале за состојбата, а 2,3% идентификувале дека ја имаат.
Студијата, исто така, откри дека мизофонијата е подеднакво честа и кај мажите и кај жените и дека таа има тенденција да биде помалку забележителна со возраста.
Некои од иритирачките звуци за луѓето со оваа состојба ги вклучуваат нормалното дишење, чекорењето и голтање.
Клиничкиот психолог и еден од авторите на студијата, д-р Џејн Грегори, вели дека искуството на мизофонија е повеќе од само да се нервираш од одредени звуци.
Тој објаснил дека мизофонијата често може да предизвика чувство на беспомошност, односно чувство „да се биде заробен, кога луѓето не можат да се извлечат од непријатен звук“.
Повеќето предложени третмани за лечење на оваа состојба во моментов се фокусираат на техники за ментално справување. Тие вклучуваат релаксација, длабоко дишење, звучна терапија и когнитивна бихејвиорална терапија за намалување на анксиозноста.