Арбен Таравари/фото Слободен Печат/Слободан Ѓуриќ

Не е забрането јавно да се користи Македонија, вели Таравари

Градоначалникот на Гостивар, кој беше и кандидат за претседател  вели дека не е забрането јавно да се користи името Македонија без „Република“ и „Северна“.

„Не е забрането кога зборуваме јавно. Често велам Македонија, ниту „Република“ ниту „Северна“. Мислам дека г-ѓа Давкова се уште е во еуфорија на изборите. Мислам дека тоа не го направи свесно. Тоа го направи подекларативно за да покаже дека има некаква доследност со изборната кампања“ рече Таравари.

Арбен Таравари синоќа во емисија на ТВ21 рече дека доколку во случај уставните измени не се донесат во период од 6 месеци, ќе размислат за своето учество во Владата.

„Ни требаа 10 години ВМРО и ДУИ, без услови, без ништо, да се изгубат, 10 години за да станат дел од НАТО. ВРЕДИ е гаранција во Владата дека под секој услов ќе инсистира преговорите со Европската унија да почнат што поскоро и да се направат уставните измени. Тоа е услов“, кажа Таравари.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот