Фото: FIBA

Не дозволија изненадување: Франција и БиХ лесно се справија со Белгија и Кипар

Терминот од 17:00 часот донесе уште два натпреваи Евробаскетот во кои победи забележаа Франција и Босна и Херцеговин над Белгија и Кипар.

Французите доминираа од самиот старт, наметнувајќи темпо кое Белгијците не успеаа да го следат. По првата четвртина (18-10), до крајот на првото полувреме резултатот веќе беше убедлив 43-27. Во продолжение, Франција рутински ја зголемуваше разликата, за на крајот да слави со 92-64. Кулибали и Окобо со по 12 поени беа меѓу најдобрите кај победниците, додека Ванвијн со 13 поени се истакна во редовите на Белгија.

Во вториот натпревар, БиХ лесно се справи со Кипар, кој во ниту еден момент не беше конкурентен. Најдобар поединец на мечот беше Јусуф Нуркиќ, кој запиша 18 поени, предводејќи го својот тим до сигурна победа со 91-64.

Шпанија немоќна, Грузија тргна со победа на Евробаскетот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот