проф. д-р Ванчо Узунов / Утрински брифинг
проф. д-р Ванчо Узунов / Утрински брифинг

Не беше само притисокот од ССМ – и поскапувањата ја кренаа минималната плата, вели проф. Узунов

Покачувањето на минималната плата не е само поради притисоците од синдикатите, туку и поради новите поскапувања на многу производи, оцени универзитетскиот професор Ванчо Узунов во гостувањето во емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма.

Узунов рече и дека покачувањето на платите не треба да биде под 57 отсто од просечната плата, како и тоа дека се потребни и реформи во квалитетот на работната сила.

„Освен што е цена на трудот, минималната плата е социјална категорија за голем број семејства. Покачувањето на платите не треба да биде под 57 отсто од просечната плата, а треба и да се коригира 50 отсто од порастот на минималната со порастот на просечната плата и со 50 отсто од растот на инфлацијата. Исто така потребни се реформи за подобрување на квалитетот на работната сила“,нагласи Узунов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот