НБА екипите од петок можат да ги користат салите!

Според „ЕСПН”, тимовите ќе можат да назначат шестмина асистенти или тренери за развој на играчи за да обезбедат тренинг.

НБА лигата планира да им овозможи на тимовите да ги отворат своите сали, центри започнувајќи со индивидуални тренинзи на 8 мај пред можното продолжување на сезоната.

Според „ЕСПН”, тимовите ќе можат да назначат шестмина асистенти или тренери за развој на играчи за да обезбедат тренинг.

Истиот извор информира дека на главните тренери на клубот нема да им биде дозволено да учествуваат или да ги набљудуваат тренинзите.

Закажана е видео конференција со сите кошаркари во лигата, нови информации ќе објават комесарот на лигата Адам Силвер и директорот на Унијата на играчи Мишел Робертс.

Датумот на конференцијата (утре, 8 мај) се совпаѓа со денот кога НБА лигата ќе им овозможи на тимовите да ги отворат клупски капацитети за индивидуално тренирање.

Се претпоставува дека за време на конференцијата кошаркарите ќе можат да ги постават сите нивни прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!