фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

НБА: Џејмс Харден од Филаделфија во редовите на ЛА Клиперс

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Џејмс Харден, од Филаделфија ќе се пресели во Лос Анџелес клиперс, објави НБА новинарот Адријан Војнаровски.

Во Калифорнија ќе им се придружи на асовите како Кавај Ленард, Расел Вестбрук, Пол Џорџ…

Пи Џеј Такер и Филип Петрушев ќе одат во Лос Анџелес со Харден, додека на спротивната страна ќе одат Николас Батум, Маркус Морис, Роберт Ковингтон и Кенион Мартин Јуниор, како и пикот на првата рунда на драфтот во 2028 година, но и два пика од втората рунда.

Така конечно заврши сагата околу Харден кој уште во јуни побара трејд и сакаше само да оди во ЛА Клиперс.

Својата НБА кариера ја започна во Оклахома, потоа долг период го носеше дресот на Хјустон, а играше и за Бруклин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот