Полицијата ја обезбедува изгорената дискотека „Пулс“ во Кочани по трагичниот пожар / Фото: Слободен печат / Слободан Ѓуриќ

Назначени се нови шефови на полицијата во Штип и Кочани

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, назначи нови шефови на полицијата во Штип и во Кочани, откако беа разрешени досегашните началници. Бојан Величковски е именуван за нов началник на Секторот за внатрешни работи (СВР) Штип, а Игор Јаковлевски на Одделението за внатрешни работи (ОВР) во Кочани. За нов командир на Полициската станица (ПС) во Кочани е назначен Горан Миленковски.

По трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, во кој загинаа 59 млади луѓе, а околу 200 беа повредени, Тошковски на 18 март разреши седуммина началници од СВР Штип и од ОВР Кочани.

На 19 март, Обвинителството за организиран криминал и корупција, кое има специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против седумтемина полициски службеници, кои според ОЈО ГОКК имаат одговорност за катастрофалниот пожар, кој се случи во објект кој работел како дискотека, иако не исполнувал никакви услови. Сите уапсени полициски началници добија притвор од 30 дена.

Како што изјави министерот Тошковски на 19 март, службените лица вработени во СВР Штип и ПСО Кочани изготвувајќи, потпишувајќи и одобрувајќи позитивна согласност му овозможиле на правното лице да се стекне со лиценца за вршење угостителска дејност кабаре иако објектот не ги исполнувал законските услови за работа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот