Фото: Архива

Навални вратен во затвор откако се опорави од штрајкот со глад

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални е вратен во неговиот првичен казнено-поправен дом, каде што издржуваше казна откако се опорави од штрајкот со глад во болница во друг затвор, јави ТАСС.

Критичарот на Кремљ, Алексеј Навални е вратен во неговиот првичен казнено-поправен дом, каде што издржуваше казна откако се опорави од штрајкот со глад во болница во друг затвор, јави ТАСС.

Опозицискиот политичар (45) започна штрајк со глад кон крајот на март за да побара подобра медицинска помош во затворот откако доби силни болки во нозете и грбот. Тој го прекина штрајкот со глад во април по укажаната лекарска помош.

По враќањето во неговиот „стар” затвор, Навални ќе присуствува преку видео врска на судско рочиште каде се разгледуваат неговите тврдења за условите во затворот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!