
Навални веројатно ќе умре во наредните неколку дена, велат руски лекари
Анастасија Василјева, личен лекар на Навални, во писмото вели дека крвните тестови покажале дека неговиот калиум достигнал точка каде што „во секоја минута може да дојде до „откажување на бубрезите и срцев удар. Таа рече дека членовите на синдикатот не го прегледале Навални, но ги добиле тестовите од неговите адвокати, пренесе Ројтерс. Еден од лекарите објави фотографија од резултатите на интернет.
Навални штрајкува со глад во затворот во Покров повеќе од две недели, барајќи да му биде овозможена медицинска помош за болки во грбот и нозете. Затворските власти велат дека му понудиле на Навални соодветен третман, но тој го одбил, сакајќи да го лекува надворешен лекар. Тоа барање било одбиено. Тој во петокот рече дека му се заканувале дека ќе го стават во лудачка кошула и ќе го хранат со сила.
Џ.К Роулинг и Салман Ружди се меѓу 70-тината угледни писатели, актери, историчари, режисери и новинари што во петокот испратија отворено писмо до рускиот претседател Владимир Путин, со барање Навални да добие итна соодветна нега.