
Наумов: Од 5 до 30. 000 евра бескаматно кредитирање на микро, мали и средни претпријатија
Директорот на Развојна банка на Северна Македонија Кире Наумов, на прес-конференција ги соопшти новитетите за кредитирање на микро, мали и средни претпријатија, кои износи може да ги добијат и начинот како да се аплицира.
Препорачано
-Денес е објавен јавниот повик за директна кредитна поддршка за мирко, макро и средни претпријатија преку Развојната Банка на С.Македонија. Ќе се кредитираат угостителството, туризамот и товарниот транспорт. Целта е да ги надминат ликвидносните проблеми во овој почетен период. Кредитите се со 0 проценти каматна стапка, рок на отплата 24 месеци и грејс период од 6 месеци.
Износите ќе зависат од бројот на вработени. За вработени до 10 лица – 5. 000 евра. Од 11 до 50 лица за износ до 15 илјади евра, и до 51 до 250 лица за износ до 30.000 евра. Минималниот износ е 3.000 евра. Почитувајќи ги препораките, целиот процес ќе се прави електронски. Неопходната документација ќе се доставува на мејл адреса [email protected].
Обрнавме големо внимание да го олесниме значително процесот за апликација. Документите кои ќе бидат потребни се: тековна состојба, завршна сметка за 2019 година, потвра за платени даноци и придонеси од УЈП, потврда дека не се води стечај или ликвидација, ЗП образец од Централен регистрар. Треба и кредитна апликација која може да се симне од веб страната на Развојна банка и соодветни изјави.
Развојната банка го следи развојот на настаните и ќе биде поддршка на мирко, малите и средни претпријатија во овој период и тој потоа, односно период на закрепнување на економијата, рече Наумов.