Фото: Pexels/ marcus-aurelius

Науката вели: Жените имаат поголема потреба од сон во споредба со мажите

Според најновите студии на Медицинскиот факултет при Универзитетот Дјук, откриено е дека жените имаат поголема потреба од сон во споредба со мажите, пренесува „Уоменс брејн хелт“.

Во студијата се нагласува дека жените често се соочуваат со повеќе стресни ситуации во текот на денот, што може да биде последица на недоволен сон во текот на ноќта. Еден од главните фактори е и поголемата ангажираност на мозокот во текот на денот.

Според научното списание на Универзитетот Дјук, жените имаат поголеми здравствени проблеми поврзани со недостигот на сон во споредба со мажите на иста возраст. Истражувањето покажува дека жените со недоволно сон се посклони кон депресија, раздразливост и психичка нерамнотежа.

„Лошиот сон кај жените е поврзан со психички стрес, депресија и раздразливост. Вакви ефекти не беа забележани кај мажите – истакна професорот Едвард Суарез, психијатар и експерт по бихејвиорални науки, кој воедно е водечки автор на истражувањето.

Тимот на научници наведува дека сонот му овозможува на мозокот да се обнови од стресот што го носат дневните активности.

„Жените имаат способност да извршуваат повеќе задачи истовремено и да бидат поприлагодливи во своите обврски, што значи дека користат поголем дел од ресурсите на мозокот во споредба со мажите. Поради тоа, нивната потреба од сон е поголема – истакна професорот Џим Хорн, директор на Центарот за истражување на сонот при Универзитетот Лафборо.

Професорот Хорн нагласува дека и мажите кои имаат комплексни работни задачи што бараат донесување одлуки, исто така имаат поголема потреба од сон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот