Фото: Roman Budnyi / Alamy / Alamy / Profimedia

Научниците тестирале ЛСД и дошле до револуционерно откритие: Само една доза помага кај најчестите ментални нарушувања денес

ЛСД одамна е „тргнат“ од медицината и е сведен на злоупотреба на наркотици, но научниците сега открија дека само една доза помага при анксиозност. Секако, има разлика помеѓу лекот ММ120 и ЛСД купен нелегално на улица.

Поради охрабрувачките резултати од клиничките испитувања, Американската Администрација за храна и лекови ФДА (FDA) му даде статус на ЛСД како револуционерна терапија за третман на анксиозно растројство, објави Mind Medicine Inc., компанијата која го развива споменатиот лек, пренесува „Си-ен-ен“.

Лекот ММ120 сè уште треба да помине низ стандардната процедура за да добие одобрение од ФДА, која ја вклучува третата фаза од клиничките испитувања, кога лекот се тестира на најголем број испитаници (од неколку стотици до неколку десетици илјади), во споредба со плацебо за да се испита вистинската ефективност, дополнително се тестира безбедноста и се утврдуваат несаканите ефекти.

Статусот на револуционерна терапија добија лековите на две други компании: едната за третман на депресија со псилоцибин, а другата за третман на посттрауматско стресно растројство (ПТСН) преку МДМА, попозната како екстази.

Единечна доза на ММ120 довела до стапка на ремисија од 48 отсто на генерализирано анксиозно растројство 12 недели по администрацијата, според MindMed. Лекот, исто така, ги подобрил клиничките знаци на анксиозно растројство кај 65 отсто од пациентите во рок од три месеци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот