Trema_micrantha- Фото: Wikimedia Commons

Научниците пронајдоа соединение од канабис во обично бразилско растение

Научниците открија канабидиол, соединение во канабисот познато како ЦБД(CBD), во бразилско растение, што отвора потенцијални нови патишта за производство на сѐ попопуларната супстанција, изјави водечкиот истражувач во четвртокот, пишува „Саенс алерт“.

Тимот откри ЦБД во плодовите и цветовите на растение познато како Trema micrantha blume, грмушка која расте низ поголемиот дел од јужноамериканската територија и често се смета за плевел, изјави молекуларниот биолог Родриго Моура Нето од Федералниот универзитет во Рио де Жанеиро.

ЦБД, кој сè повеќе се користи за лекување на состојби како што се епилепсија, хронична болка и анксиозност, е едно од главните активни соединенија во канабисот, заедно со тетрахидроканабинолот или ТХЦ (THC).

Ефективноста на овие соединенија во медицински третман сè уште се истражува.

Моура Нето изјавил дека хемиската анализа открила дека растението „Trema“ содржи ЦБД, но не и ТХЦ, што ја зголемува можноста за користење на ЦБД од новиот извор во изобилие.

Ова е извор што нема да се соочи со правните и регулаторни пречки на канабисот, кој продолжува да биде забранет на многу места, вклучително и во Бразил.

„Тоа е легална алтернатива за користење канабис“, рече тој.
„Ова е растение кое расте низ цел Бразил. Тоа би бил поедноставен и поевтин извор на канабидиол“.

Моура Нето, кој сè уште не ги објавил своите резултати, изјавил дека сега планира да ја зголеми својата студија за да ги идентификува најдобрите методи за екстракција на ЦБД од „Trema“ и да ја анализира нејзината ефикасност кај пациенти со состојби кои моментално се третираат со медицински канабис.

Неговиот тим неодамна добил грант 104.000 американски долари од бразилската влада за финансирање на истражувањето, за кое тој проценува дека ќе бидат потребни најмалку пет години за да се заврши.

Студија од фирмата за анализа на пазарот „Vantage Market Research“ минатата година го процени глобалниот пазар за ЦБД на скоро 5 милијарди американски долари и проценува дека ќе порасне на повеќе од 47 милијарди американски долари до 2028 година, главно од употреба за здравје и благосостојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот