
Научниците открија што предизвикува предвремен пубертет кај децата
Децата денес растат со многу „скриени“ шеќери и засладувачи во нивната секојдневна исхрана. Нова студија предупредува дека некои од нив можат сериозно да влијаат врз развојот. Истражувањето покажало поврзаност помеѓу внесувањето вештачки засладувачи и сè почестата појава на ран пубертет кај децата.
Препорачано
Новото истражување покажува дека консумирањето одредени вештачки засладувачи и додадени шеќери може да биде поврзано со порано влегување во пубертет кај децата – особено ако се генетски склони на таков развој.
Овие резултати се претставени на годишниот конгрес на Ендокриното друштво (ЕНДО 2025) во Сан Франциско, а станува збор за една од првите големи студии што ги поврзуваат прехранбените навики на модерната доба со раните хормонални промени кај децата.
Кои засладувачи се проблематични?
Научниците издвоиле четири состојки кои најчесто се наоѓаат во разни индустриски производи како што се газирани пијалаци, сокови, јогурт или слатки:
– Аспартам
– Сукралоза
– Глициризин (природна состојка во сладунецот)
– Додадени шеќери
Се покажало дека колку повеќе деца ги консумираат овие состојки, толку е поголем ризикот од централен предвремен пубертет, што е форма на ран пубертет во кој мозокот ги покренува хормоналните промени многу порано отколку што е вообичаено.
Што значи ова за децата?
Раниот пубертет може да има долгорочни последици, од емоционална нестабилност и стрес, до понизок раст во возрасната доба, но и зголемен ризик од метаболички и хормонски нарушувања подоцна во животот.
Д-р Јанг-Чинг Чен, раководител на студијата, нагласува дека родителите, лекарите и јавните здравствени установи мора да бидат свесни за тоа колку состојките во храната можат да влијаат на развојот на детето, особено кога станува збор за производи кои изгледаат безопасно, но се полни со „скриени“ засладувачи.
Во студијата учествувале повеќе од 1.400 адолесценти од Тајван, а истражувачите го анализирале нивниот внес на засладувачи преку прашалници и тестови на урината. Потоа децата биле подложени на хормонски тестови и медицински прегледи.
Резултатите покажале дека:
– Момчињата кои консумирале сукралоза имале поголем ризик од ран пубертет.
– Девојчињата кои консумирале глициризин, сукралоза и додадени шеќери, исто така, имале зголемен ризик.
Особено е интересно што научниците ги земале предвид и генетските предиспозиции. Кај децата со повисок „генетски ризик“, дејството на засладувачот бил уште поизразен.
Зошто засладувачите се потенцијално опасни? Претходните истражувања покажаа дека некои засладувачи можат да влијаат на хормоните и цревната микробиота, а со тоа и на развојот на пубертетот.
На пример: Ацесулфам-К (често се наоѓа во „диеталните“ производи) може да ги активира патиштата во мозокот поврзани со хормоните.
Глициризинот од сладунецот ја менува рамнотежата на бактериите во цревата и ја намалува експресијата на гените што го регулираат пубертетот.
Д-р Чен истакнува: „Она што децата го јадат и пијат – особено производите со засладувачи – може да има неочекувано и силно влијание врз нивниот развој“.
Што можат да направат родителите?
Обрнете внимание на етикетите на производите – особено на пијалаците, житарките, јогуртите и „здравите“ грицки. Не им нудете на децата производи со вештачки засладувачи под изговор дека се „поздрави затоа што немаат шеќер“. Обидете се да го ограничите внесот на додадени шеќери во секојдневната исхрана. Разговарајте со педијатар ако сте загрижени за хормоналниот развој или раниот пубертет. Овие наоди би можеле да послужат како основа за идните упатства за исхраната на децата, особено кај оние кои веќе носат генетски ризик за поран пубертет.