Фото: Wikimedia Commons

Научниците открија: Еден оброк неделно ја спасува планетата

Дали знаевте дека еден од клучните фактори што придонесуваат за глобалното затоплување е токму на вашата чинија? Начинот на кој се храниме има големо влијание врз животната средина во која живееме, дури и толку големо што една мала промена на неделно ниво е доволна за да направи голема разлика за целата планета.

Производството на храна е комплициран процес што има влијание и врз нашето и врз здравјето на нашата планета. Истражувањето спроведено на Универзитетот во Оксфорд покажа дека производството на храна е одговорно за една четвртина од сите емитувања на гасови со ефект со стаклена бавча која директно влијаат на климата, квалитетот на воздухот и временеските (не)погоди. Половина од тој број го чини производство на месо и други производи од животинско потекло.

Научниците утврдиле дека производството на говедско и јагнешко месо има најштетно влијание врз нашата животна средина.

Ова можеби најдобро се гледа во споредба со грашокот – производството на килограм говедско месо испушта речиси 100 килограми CO₂ во просек, додека производството на иста количина протеини од грашок произведува помалку од еден килограм CO₂.

И други статистички податоци, исто така, укажуваат на штетното влијание на производството на месо:

– 80 отсто од земјоделското земјиште во светот се користи за одгледување храна од животинско потекло (месо, млечни производи, јајца)
– 40 отсто од глобалното уништување на примарните шуми е поврзано со производство на храна од животинско потекло
– 30 отсто од вкупната потрошувачка на слатка вода се користи за одгледување производи од животинско потекло

Дали ова значи дека треба да се откажеме од месото? Не мора и не засекогаш.

Што нам ни носи еден вегетаријански оброк неделно?

Едно истражување покажа дека ако замениме само еден оброк од месо неделно (односно 52 оброци годишно) со вегетаријански, би можеле да го намалиме личниот јаглероден отпечаток за околу 100 килограми CO₂ годишно.

Џозеф Пур, научник на Универзитетот во Оксфорд, предводел голема студија во 2018 година која покажала дека ако секое семејство во Велика Британија замени оброк од црвено месо со оброк од растително потекло еднаш неделно, емисиите на гасови со ефект на стаклена бавча во таа земја би се намалиле за 50 милиони тони. Ефектот би бил ист како да се отстранат 16 милиони автомобили од патиштата.

И во Португалија е спроведена слична студија која покажала дека вегетаријанскиот оброк има до 5,5 пати помал јаглероден отпечаток од месниот оброк, односно замената на еден месен оброк со вегетаријански може да ги намали емисиите и до 6,4 пати.

Мал чекор, голема промена

Заменувањето на само еден месен оброк неделно со зеленчук е едноставна, но моќна одлука со која секој од нас може да придонесе за зачувување на планетата и на сопственото здравје.

Важно е да ги планираме нашите оброци, како и процесот на купување намирници, а тука малопродажните синџири можат да ни бидат од голема поддршка. Компанијата „Лидл“ ја препознава својата одговорност и важноста на тие мали, но значајни промени во исхраната што придонесуваат за поздрав и поодржлив начин на живот. Како дел од својата стратегија, „Лидл“ се потпира на концептот Планетарна здрава исхрана (ПХД) на Комисијата ЕАТ Лансет, која промовира претежно растителна исхрана како решение за зачувување на здравјето на луѓето и планетата.

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот