Архива на СП

НАТО: Рускиот упад во полскиот воздушен простор не се третира како напад

По информациите дека руски беспилотни летала влегле во полскиот воздушен простор за време на масовниот напад врз западна Украина, НАТО соопшти дека не го третира овој инцидент како директен напад врз Полска.

Полската телевизија ТВП, повикувајќи се на Ројтерс, јави дека сојузот внимателно ја следи ситуацијата, но во моментов не гледа основа за активирање на колективни одбранбени механизми.

Според изворите на Ројтерс, ова е првпат авиони на НАТО да се ангажираат во справување со потенцијална закана над сојузничка територија. Во операцијата биле вклучени полски Ф-16, холандски Ф-35, италијански извидувачки авиони АВАКС, како и авиони за полнење гориво во воздух управувани од НАТО. Системите за воздушна одбрана „Патриот“ ги детектирале дроновите, но не отвориле оган.

Москва без став, ЕУ со остри предупредувања

Во меѓувреме руските власти сè уште немаат официјална реакција. Меѓутоа, шефицата на европската дипломатија Каја Калас оцени дека леталата биле намерно испратени кон Полска и не се работи за случаен инцидент.

„Ова беше најсериозното руско нарушување на европскиот воздушен простор од почетокот на војната“, изјави Калас, додавајќи дека Европа мора да ја зголеми воената поддршка за Украина и да инвестира повеќе во сопствената одбрана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот