Наследникот на Далај Лама мора да биде одобрен од Кина

Наследникот на духовниот водач на тибетските будисти, Далај Лама, мора да биде одобрен од централната влада на Кина, објави денес Министерството за надворешни работи на земјата.

Објавата на кинеското министерство е одговор на изјавата на Далај Лама дека само неговата непрофитна институција има единствено овластување да одобрува наследник, објави Ројтерс.

Портпаролката на кинеското министерство, Мао Нинг, изјави дека наследникот на Далај Лама мора да ги почитува кинеските закони и прописи, како и религиозните ритуали и историските конвенции.

Како што беше објавено претходно денес, Далај Лама потврди дека неговиот наследник ќе биде именуван по неговата смрт, отфрлајќи ги шпекулациите дека 600-годишната институција ќе исчезне со неговото заминување.

„Потврдувам дека институцијата ќе продолжи“, рече Далај Лама во видео порака, која беше објавена на почетокот на состанокот на религиозните водачи во Дарамшала, каде што моментално се одржува настанот, објави Ројтерс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот