
Наскоро гасот ќе пристигне во Србија, не е точно дека поправката ќе трае два месеци, тврди портал од Азербејџан
Азербејџанскиот портал AњуЗ, повикувајќи се на сигурни извори од азербејџанската влада, објави дека протокот на гас во Србија ќе биде обновен многу брзо и дека не се точни информациите за двомесечниот прекин на гас поради технички проблем на платформата Шах Дениз Алфа. Протокот на гас беше привремено намален поради технички проблем на платформата, но таа останува целосно оперативна, обезбедувајќи континуитет на извозот, па наскоро се очекува продолжување на снабдувањето со гас, пишува азербејџанскиот портал, пренесува Данас.
Препорачано
Српскиот претседател Александар Вучиќ во саботата изјави дека протокот на гас од Азербејџан е запрен поради „виша сила“, што влијаеше на дневната испорака на 1,7 милиони кубни метри гас. Извори од азербејџанските власти додаваат дека ситуацијата е под контрола и привремена. БП потврди дека проблемот во Шах Дениз Алфа е изолиран, без оштетување на гасоводот, но како мерка на претпазливост, работата на платформата е привремено прекината.
„Платформата Шах Дениз Браво продолжува да работи со полн капацитет, овозможувајќи испоракиte на гас за Азербејџан, Турција и европските пазари да останат главно непроменети. Бугарските власти објавија краток прекин на договорените испораки на гас претходно оваа недела, но тие веќе продолжија“, се вели во соопштението.
Азербејџанскиот гас игра клучна улога во енергетската безбедност на Србија, која годишно троши повеќе од три милијарди кубни метри гас. Заклучно со оваа година, 400 милиони кубни метри гас се договорени од Азербејџан, додека остатокот доаѓа во Србија од Русија, наведува порталот.