Насилникот од Радовиш што тепаше жена „во живо“ на Тик-Ток е упатен на психијатриско лекување во Негорци

Насилникот од Радовиш кој во живо на Тик Ток, беше фатен како тепа женско лице за кое се тврди дека е неговата бремена сопруга, е упатен на психијатриско лекување во Негорци, потврдија од СВР Струмица.

Во текот на 2024 година во ОВР Радовиш од страна на две женски лица биле пријавени два случаи против лицето, од кои едно за „телесна повреда“ по член 130 став 2, а во врска со став 1 и едно „загрозување на сигурноста“ по член 144 од Кривичниот Законик, кои се во целост расчистени и до надлежното обвинителство се поднесени соодветни поднесоци. На 27 март 2025 лицето е спроведено на лекување во Психијатриска болница Негорци, велат од СВР Струмица.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Насилник од Радовиш тепа бремена жена „во живо“ на „ТикТок“, пратениците не изгласаа ова кривично дело да се гони по службена должност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот