Фото: МИА

Насилник од Кондово се заканувал дека ќе убие татко и дете поради видеоснимка

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека донело наредба за спроведување истражна постапка против жител на Кондово, кој е осомничен за кривичните дела – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи и Загрозување на сигурноста.

„Осомничениот 35-годишник, во неговиот дом во Кондово неовластено држел огнено оружје – полуавтоматски пиштол „CRVENA ZASTAVA Mod.70“ калибар 7,65 мм, со две рамки и муниција – 24 куршуми. Во периодот од февруари до 07.04.2025 година, преку апликацијата „WhatsApp“ осомничениот во неколку наврати сериозно се заканувал дека ќе нападне врз животот или телото на оштетено дете и врз животот и телото на таткото на детето. Со цел да се пофали дека поседува огнено оружје, осомничениот најпрво во февруари на телефонскиот број кој во тој временски период го користело детето, испратил видеоклип на кој се гледа како пука со автоматска пушка додека бил на некоја свадба. Детето тоа видео го зачувало на телефонот. На 07.04.2025 година, кога детето веќе користело друг телефонски број, осомничениот, преку апликацијата му се јавил и му упатил сериозни закани дека ќе го убие него и неговиот татко, доколку ја објави снимката со автоматската пушка“, велат од ОЈО.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе го повтори кривичното дело“, извести ОЈО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот