Фото: Социјални мрежи

Насилник брутално претепал бездомно куче во Охрид, силно го удирал по главата за да го убие

Бездомно куче било брутално претепано пред два дена, а потоа со тешки повреди пренесено во ветеринарна клиника во Битола каде што сѐ уште се бори за живот. Охриѓанец му нанел сериозни повреди на главата и на телото на животното, а насилството се случило пред очевидци, по што случајот бил пријавен во полиција.

„Пеки е уште во лоша состојба, иако има малку позитивна реакција на терапијата. Рентгенот покажа дека за среќа скршеници нема, носот му е доста повреден, а потресот на мозокот бил доста силен (очигледно лицето Б.А. силно го удирало по главата во обид да го убие на на самото место). Пеки не јаде, не пие, не може да стане, во глобала состојбата му е исто како и по нападот. Згрижен е во клиника Буневски под постојан мониторинг, па ќе се учини сѐ што е можно за да Пеки преживее“, вели активистот Климент Арнаудов.

Овој брутален чин е пријавен, постојат сведоци подготвени да сведочат, а против лицето Б.А. е составен записник и полицијата повторно го посетила, вели Арнаудов. Тој додава дека ќе биде издадена и потврда од ветеринар која ќе служи како доказ во судска постапка. Иако е можно сторителот да се обидува со закани, вели тој, вистинските храбри луѓе се оние што штитат невини суштества.

Активистите од Охрид велат дека честопати уличните животни трпат насилство, нагласувајќи ја потребата од масовна стерилизација и кастрација, задолжително чипирање на милениците, поголем број инспекциски контроли, а и казни за сопствениците кои ги напуштаат своите миленици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!