Лазарополе/ Фото: Слободен печат

Насилен скопјанец скршил прозорец од хотел во Лазарополе, сакал да тепа друг скопјанец

29-годишен скопјанец ќе одговара за насилство откако во обид да нападне друг жител на Скопје, во Лазарополе оштетил прозорец на хотел, соопшти МВР.

„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против К.Ж.(29) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 21.06.2025 во село Лазарополе, општина Маврово и Ростуше, пријавениот оштетил прозорец од еден хотел и со тврд предмет се обидел да го нападне С.Р.(26) од Скопје“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот