Населбата Дексион ќе добие градинка, денеска е потпишан договор за изградба

Во населбата Дексион ќе се гради нова градинка, за што денеска беше потпишан договор помеѓу Општина Ѓорче Петров и Министерството за социјална политика, демографија и млади. Инвестицијате ќе изнесува 82 милиони денари, а градинката ќе обезбеди простор и услови за згрижување на 120 деца.

Градинката ќе биде изградена на површина од 900 м² и ќе понуди современи услови за раниот развој и подготовка на децата за училиште. Проектот е дел од одлуката на Владата да се доделат средства за капитални инфраструктурни проекти, а се спроведува со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Градоначалникот Александар Стојкоски вели дека продолжува реализацијата на проектие за подобрување на условите за најмладите.

Во оваа општина во тек е изградбата на детска градинка во населено место Стопански двор, а започнати се подготовки за нови градинки и во Александрија и Ново Село.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот