ВМРО-ДПМНЕ седиште / Фото: Слободен печат/Даган Митрески

Народот сега е побогат отколку во времето на СДСМ, тврди ВМРО-ДПМНЕ

„Венко Филипче одамна изгубил чувство за реалноста, очигледно некаде по првиот тендер како министер за здравство, но сега откако беше на јахтата на Заев и тоа малку што го имал го нема. Народот денес е побогат од времето на СДС. Единствена разлика е што нема милиони за него и Заев од државниот буџет“, реагира владејачката ВМРО-ДПМНЕ на денешните обвинувања од лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Филипче денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ „свесно ги турка граѓаните кон сиромаштија“.

„Бројките се секогаш тврдоглави, а тие го говорат следното: Растот на просечната нето-плата во период од последната година кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт е 10.3%, за разлика од периодот кога СДС беше на власт, кога просечната плата порасна за 8.3%. Уште поголем удар за СДС е фактот што реалниот пораст на просечната плата во период на ВМРО-ДПМНЕ е двојно поголем од периодот на СДС. Имено порастот на реалната плата во време на ВМРО-ДПМНЕ е 6.7%, за разлика од 3.5% во време на СДС. Тоа значи дека стандардот на граѓаните сега, е поголем од времето кога СДС беше власт. Кога сме кај инфлацијата, и таму бројките се лоши за СДС. Во време на СДС инфлацијата во просек изнесувала 4.8%, за разлика од сега кога во просек е 3.6%. СДС и Филипче може да лажат колку сакаат, но едно не можат да сменат, а тоа е реалноста“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ свесно ги турка граѓаните во сиромаштија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот