Detail, rose (rosa), Germany,Image: 613546253, License: Royalty-free, Restrictions: , Model Release: no, Credit line: David & Micha Sheldon / imageBROKER / Profimedia

„Направете свој парфем” во Музејот на розите во Бугарија

Изложба на компании кои нудат парфеми и производи од етерични масла е отворена денеска во единствениот Музеј на розите во Бугарија, кој пред пет години беше отворен во Казанлак.

Во исто време, во конференциската сала на Музејот започна состанок на научници на тема „Бугарската маслодајна роза – историја, традиции, наука”.

Поради големиот интерес и земајќи ги предвид долгите традиции на жителите на Казанлак во производството на масло од роза, а во последните децении и на други етерични масла и козметички производи, двата форума се одржуваат втора година по ред.

Изложбата и научниот форум ги отвори градоначалничката на Казанлак, Галина Стојанова.

„Важно е да се стремите да го промените ставот на Бугарите кон вашите висококвалитетни производи, да барате бугарски”, им порача таа на производителите од целата земја.

Учесниците на форумите имаат единствена можност сите кои се во бизнисот со козметика да ги презентираат своите производи, да ја претстават својата компанија, да учествуваат во дискусиите и да разменат искуства со експерти од оваа индустрија во текот на годината во која Казанлак го посетуваат стотици илјади гости.

На научниот форум учествуваат предавачи и експерти, професионалци во индустријата за парфеми и во производството на етерични масла – Институтот за рози и есенцијални масла од Казанлак, Универзитетот за технологија на храна од Пловдив, Тракискиот универзитет од Стара Загора, Институтот за оптички материјали и технологии „Акад. Јордан Малиновски” при БАН од Софија и други.

Стојанова ги повика да бидат поддршка за производителите на производи од есенцијално масло, бидејќи, како што рече, имаат потреба од мотивација по тешката пандемиска година да продолжат и да се етаблираат на пазарот.

Берзата на парфеми, која им дава можност на посетителите сами да креираат свој индивидуален мирис, ќе продолжи и утре.

Настаните се дел од програмата на 118. Фестивал на розите во Казанлак. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот