
„Наполитанките“ со цена колку кавијар, биле три, сега се 10 евра
Цените во Хрватска станаа една од главните теми на разговор, а граѓаните забележуваат дека сè, од автомобили и станови до основни намирници, станува сè поскапо.
Зголемувањето на цените особено се почувствува по воведувањето на еврото, кога многумина имаа впечаток дека цените „ја преминале границата“ побрзо отколку што покажуваа официјалните податоци.
Препорачано
Она што некогаш се сметаше за секојдневна набавка за Хрватите, сега стана луксуз. Граѓаните сè повеќе споредуваат акции и чекаат попусти, а фразата „Сè стана поскапо“ стана вообичаена. Последниот пример што предизвика бурни реакции на социјалните мрежи се однесува на популарните „Наполитанки“. Еден корисник на Тикток ја споредил цената на овој бисквит во 2022 и 2025 година, а разликата, вели тој, е „бизарна“- објави Каматица.
Имено, пакување од 500 грама чоколадни наполитанки чинело 21,99 куни, што било околу 2,92 евра. Денес, истото пакување се продава за неверојатни 9,05 евра. Во коментарите под видеото, многу Хрвати изразиле неверица и незадоволство.
И реално, тие секогаш биле луксуз, дури и кога биле скапи, биле прескапи – напишал еден корисник, додека друг додал: Невозможно е вафлите да чинат девет евра.Еден од коментарите понудил решение:
Не треба да купувате ништо, само основното.
@namesis20 world traveler #balkan #croatia #travel #prices #fyp ♬ Dramatic Action – 5 Alarm Music