Фото: EPA-EFE/PAOLO MAGNI

Наполи со кратка порака го потврди враќањето на Елмас

Oд редовите на Наполи и официјално го потврдија враќањето на Елиф Елмас кој повторно ќе игра под Везув како позајмен фудбалер по неуспешната епизода во Лајпциг.

Елмас дресот на Наполи го носеше од 2019 до 2024 година и во тој период освои и Скудето, а во Лајпциг се пресели во потрага по поголема минутажа, но сепак не ја доби. Вториот дел од минатата полусезона го помина на позајмица во Торино каде што прикажуваше солидни настапи и тоа беше пресудно Наполи да се одлучи да му даде ннова шанса.

„Елиф е горд што повторно е еден од нас“, објави Наполи на социјалните мрежи.

Во кариерата Елмас настапуваше уште за Работнички и Фенербахче. Наполи на крајот од сезоната има опција и во целост да го откупи неговиот договор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот