Фото: SSC Napoli/FB

Наполи по Елмас доведе и големо засилување од Манчестер јунајтед

По ангажманот на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас, Наполи денеска го потврди и пристигнувањето на Расмус Хојлунд од Манчестер јунајтед.

Како и Елмас, така и Хојлунд во Неапол пристигнува на позајмица со право на откуп.

„Наполи може да соопшти дека го ангажираше Расмус Хојлунд на позајмица од Манчестер јунајтед со обврска во целост да го купи“, објави Наполи.

Според информациите од италијанските медиуми, Наполи за едногодишната позајмица ќе плати околу 6 милиони евра, додека опцијата за перманентен трансфер ќе се активира автоматски при пласман во Лигата на шампионите и ќе изнесува дополнителни 44 милиони евра.

Хојлунд зад себе има искуство во Италија бидејќи пред трансферот во Манчестер јунајтед го носеше дресот на Аталанта.

Наполи со кратка порака го потврди враќањето на Елмас

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот