Руски суд осуди маж со затворска казна оти во московскиот парк Горки напиша „Не за војната“

Затвор

Руски суд осуди маж на 10 дена затвор затоа што напишал „Не за војната“ на автоматска преграда покриена со снег на влезот од лизгалиштето во московскиот парк Горки.

Случајот датира од 23 ноември. Човекот по име Дмитриј Федоров беше осуден следниот ден.

Според руската полиција, неговите постапки се сметаат за граѓански прекршок според законот со кој се казнува јавното дискредитирање на вооружените сили на земјата.

Новите закони за сузбивање на дисидентите беа донесени во Русија набргу по целосната инвазија на Украина во февруари 2022 година. Според критичарите, речиси 20.000 луѓе се приведени според оваа легислатива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот