Фотo: Слободен печат/Зоран Димовски

Наместо во училиште 1300 ученици се дома, тетовската гимназија остана без струја

Веќе втор ден Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ Тетово е без електрична енерегија откако вчера поради неплатен долг струјата во оваа образовна институција каде настава следат 1300 ученици беше исклучена.

Училниците се празни, децата си заминаа поради немање на услови за следење на настава, особено во овој зимски период, велат просветните работници.

Фотo: Слободен печат/Зоран Димовски

„Ние доцниме и со платите, платите се уште не се пуштени, учениците се дома, нема струја ладно е премногу, нема смисла да ги држиме децата во минусни температури“, рече Таџедин Муареми професор во тетовската гимназија.

Директорката на гимназијата Теута Лала вели дека училиштето имало долг кој според неа бил направен уште во времето кога Општина Тетово имала ингеренции за гимназијата.

„Сега владините блок дотации се пуштаат директно на школото, но парите се земаат од извршители поради претходно направениот долг, па така останавме и без пари да ја платиме струјата. Тука е ладно нема услови за одржување на настава. Ние се обративме до Министерството за образование да ни помогнат иако тоа не е нивна обврска, но мора некако да се погрижиме сите заедно за да не страдаат децата“, рече Теута Лала директорка на Гимназијата Кирил Пејчиновиќ Тетово.

Фотo: Слободен печат/Зоран Димовски

Од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово се оградија од проблемот оти како што рекоа на Општина Тетово веќе 7 месеци им се одземени ингеренциите за тетовската гимназија и за случувањата во оваа високообразовна институција немаат како што посочија никаква одговорност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот