
ФОТО | Наместо во својот дом, Меган Маркл го снимила шоуто за Нетфликс во луксузна вила, која ја изнајмила за 5 милиони долари
Меган Маркл неодамна ја најави својата нова серија „With Love“ на Нетфликс, а обожавателите на кралското семејство не се премногу воодушевени поради тоа.
Препорачано
„Многу сум возбудена што можам ова да го споделам со вас! Се надевам дека ќе уживате во шоуто затоа што навистина уживав додека го снимав. Ви посакуваме на сите фантастична нова година! И благодарам на нашата неверојатна екипа и на тимот на Нетфликс! Благодарна сум за вашата поддршка како и секогаш“, напиша таа на Инстаграм кога го најавуваше шоуто.

Шоуто ќе ја следи Меган додека ги покажува своите кулинарски вештини, ужива во градинарството и се дружи со своите пријатели. Во него Меган открива како и најмалите детали можат да донесат убавина во нашите животи и што е најважно, да помогнат во зближување на луѓето.
Меѓутоа, таа не доби реакции какви што очекуваше.
„Ова изгледа страшно“, коментираа многумина. Поради новото шоу, Меган беше наречена „разгалена“ затоа што готви јадења што „никој не може да си ги дозволи во моментов“.
„Која е целната публика? Жени со многу пари и време?“ беше еден од коментарите.

Маркл ги разочара своите обожаватели бидејќи првично им вети искуство да ја гледаат нејзе во нејзиниот дом, меѓутоа, како што открива Дејли мејл, шоуто всушност не го снимила во својот дом. За снимањето, Меган избрала луксузна вила лоцирана во близина на нејзиниот дом во кој живее со нејзиниот сопруг, принцот Хари и нивните деца.
Таа го сними шоуто во вила вредна 5 милиони долари, која е во сопственост на влијателната фамилија Ципола.
Во нивната пространа, луксузна кујна Маркл ќе ги покаже своите способности. Ќе ги угости своите пријатели во другите простории од куќата, како и во дворот.
Meghan being ‘authentic’ filming in the 4 bedroom 5 bathroom estate owned by philanthropists Tom & Sherrie Cipolla. “Entertaining, cooking, & creating moments of joy Throughout the series she promises to share little tips & tricks while kicking back with an impressive roster of… pic.twitter.com/p5vtU9QxwB
— Chloe ?⬛ (@StVitusDance) January 3, 2025